студира св. и несв.
студирање ср.

студира (св. и несв.)

Тој ги тргна униформите и почна да го студира нејзиното мазно бело тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од утро до вечер рмбаа на малото парче земја кое што го имаа за да може тој да студира и да стане адвокат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа есен илјада деветстотини седумдесет и прва година се запишав на Факултет да студирам француски и италијански јазик.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кај се чуло или видело, дури и во големи семејства, девојка да замине да студира во туѓина, дури во Италија или во Австрија, во Букурешт или во Цариград, кај што можеа да одат само момчињата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш Рајнер веќе студираше философија, и јас во почетокот верував дека таа промена е затоа што е премногу посветен на науката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека траеше гужвата, му одговараше да оди позади мене и да ми ја студира позадината од глава до петици.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како што почнуваа да се донесуваат првите прописи со кои им се стеснуваат граѓанските права на Евреите, така и нему почнуваа да му се јавуваат негови пријатели, некои со кои и студирал заедно на универзитетот, тогаш немајќи ни елементарен поим дека се со еврејски происход.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Истата вечер, по давањето збор, не може да заспие од возбуда па излегува да се прошета низ парискиот латински кварт каде што влегува во едно бистро и сосема случајно го запознава младиот, сиромашен пејач Пол кој и самиот доаѓа од Америка и студира пеење во Париз.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Рајнер сакаше и тој и јас да студираме философија на Виенскиот универзитет, јас посакував со него да го остварам сонот кој некогаш го сонував со брат ми Зигмунд: да живееме заедно во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Првото излегување во дискотеката Елемент во која ме однесе постарата сестра која студираше таму, ми вдахна посебна љубов, специјално за ноќниот живот во тој град.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не можеше да студира. Не можеше да се вработи...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Провинцијалец или руралец е личност која по секоја цена сака да студира у Скопје и покрај дисперзираните факултети у нивниот крај.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Го водеа, сигурно, и необјасниви, мистични пориви кои се зацврстуваа во него за време на цариградските студии кога, покрај правото, ја студираше и источната философија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе продолжи да се школува, по препорака на своите француски професори од Цариград, првин во нормандискиот Лизје, потоа во медитеранскиот Каркасон, а ќе студира романска филологија на Универзитетот во Дижон, ќе слуша две години предавања на Колеж де Франс.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Операционализацијата т.е. спроведувањето на проектот во Македонија беше доверено на НВО Алумни на студенти кои студирале во дотичната држава – здружение на граѓани во кое не постоеше синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред татковите очи, во времето кога студираше во Цариград, се уриваше вистински Вавилон од народи, вери, обичаи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И кога по судирот чкотна клечка ќибрит и го погледна убиениот непријателски офицер — како и него да го пронижа куршум, бидејќи во него го позна најблискиот свој другар од универзитетот во Марсеј, каде што двајцата студирале на една група, та дури заедно и во еден кревет лежеле цели две години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе можела да студира таму и медицина, и техника, и сѐ друго, покрај своите браќа, кои студирале правни науки и агрономија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сака да пишува есеи. Филип најави дека ќе студира право.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повеќе